ФК Вардар расчисти нови долгови и конечно сметката на клубот е одблокирана!

ФОТО: Александар Ванев

Конечно добри денови за фудбалскиот клуб Вардар, откако беа исплатени нови долгови кон поранешни играчи со што сметката на клубот е одблокирана по цело осум години и клубот повторно функционира по сите законски норми и прописи.

Имено, кон Дарко Панчев се расчистени долгови во висина од 4.134.855.00 денари, на Владица Брдароски му се исплатени 8.759.744.00 денари, кон Бендџамин Демир е расчистен долг од 6.100.000.00 денари, кон Михајло Костиќ исплатен долг во висина од 8.834.415.00 денари, а пак кон Александар Игески исплатен е долг во висина од 935.353.00 денари.

ФК Вардар расчисти долгови и кон две компании, кон едната 2.014.562.00 денари, а кон другата долг во висина од 263.006.00 денари.

Покрај финансиската консолидација, ФК Вардар има резултатска консолидација, клубот на реваншот во полуфиналето од Купот на Македонија против Брера оди во Струмица со предност од 3:0 и речиси е сигурен финалист каде ќе сака да ја освои Куп титула и со тоа да има излез во Европа.

Од друга страна во ПМФЛ екипата на Вардар е во одлична победничка форма и е пред потврда на директниот опстанок што беше главна цел.

Александар Ванев, М-Нет