
Поради Велигденските празници ќе има промена во распоредот за одигрување на 25. коло на Втората македонска фудбалска лига. Тоа ќе значи дека натпреварите од оваа рунда наместо во сабота (19 април) ќе се одиграат во понеделник (21 април) со почеток од 16 часот.
Натпреварите од 28. коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се одиграат во сабота (19 април) со почеток од 16 чаост.
Дополнително за донесувањето на ваквиот распоред, во предвид е земено и одигрувањето на реванш натпреварите од полуфиналето од Купот на Македонија, а кои мечеви ќе се играат во среда (23 април) и од таа причина доаѓа и одигрувањето на 28. коло на Прва лига во сабота (19 април).
Александар Ванев, М-Нет