Советничката Кристина Атанасова-Арсова си поднесе оставка од советник во Советот во Општина Кочани

Трогателно на седницата во Кочани за избор на в.д. градоначалник. Советничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Кристина Атанасова – Арсова, си понесе оставка од функцијата советник во Советот на Општина Кочани. Претседателот на Советот даде петминутна пауза, откако говорот на Атанасова – Арсова расплака многумина советници.

„На денешната седница каде имаме два кандидати за в.д градоначалник, за едниот кој се кажува како обичен човек, притоа заборава дека сите сме обични, за тој кој својот кредибилитет го гради само преку медиумски ситни реклами, човек кој не одговори на прашање заошто како советник сите овие години не се сетил да се запраша за правилностите или неправилностите во дискотеката, а тоа е веројатно затоа што му годела забавата во тој објект после користењето на забранети супстанци. За другиот заедно со своите блиски другарчиња, понесен од влијанието на позицијата тргнува по освојување на функционерска позиција притоа со физички напади, човекот кој не го гласаше Буџетот за 2025, а сега сака да раководи со него. Во оваа прилика сакам да ја доставам мојата оставка како советник“ – вели Атанасова Арсова.

Кристина Атанасова – Арсова, беше советник во советот на Општина Кочани, а претходно и директор на штипскиот Дом на култура „Ацо Шопов“.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет