
Тешка година за сточарите, летото сушно, зимото полно со болести за јагнињата. Ваквата ситуација го намали бројот на јагниња кои треба да се продаваат, а дополнително и ниската цена за жива мера ги стави сточарите во мат позиција. Дали да се продава по ниска откупна цена или да се чува некое јагне е главното прашање за да се опстои и да се продолжи со сточарство. Бајрам Омер вели ситуацијата е лоша, а што понатаму е неизвесно.
„И летото беше многу лошо, беше суша, неколку овци загинаа. Зимото пак ги фати некоја болест, умреа околу 40 јагниња.“ – вели Омер.
Претходно целото семејство на Омер беше вклучено во одгледувањето на овци, но сега како што вели, децата мора да одат на училиште, па не се постигнува сам. Затоа има овчар и уште еден вработен кој помага, па две илјади евра се само за нив. Ама пари нема, а работата мора да се заврши.
„Еден овчар имам и еден домашар, овчарот зема 1200 евра плата, домашарот 700 евра.“ – додава Омер.
Омер е единствениот сточар во штипска Лакавица и дециден дека сточарството е тешко, дополнително и без пари е гранка која полека умира. Ако не се променат работите ниту ќе има кој да одгледува овци, ниту кој да продава млеко и месо.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет