
Женската сениорска репрезентација на Македонија доживеа пораз од високи 3:0 на гостувањето во Приштина од репрезетнацијата на Косово, а во рамки на третото коло од групата 6 сегмент Ц од Лигата на нации за пласман на Светското првенство 2027 година.
За репрезентацијата на Косово ова беше втор триумф над македонската репрезентација, откако Македонија во Скопје беше поразена од Косово со високи 0:4. Во првиот дел од натпреварот мрежите мируваа, а во вториот дел Косово постигна три гола.
Бичкај беше двоен стрелец за селекцијата на Косово, откако погоди во 50. и 60. минута, а Мемети во 85. минута ги постави конечните 3:0.
Македонија е последна во групата без ниту еден освоен бод, додека пак Латвија е прва со шест бодови, а пак Косово е втор со шест бодови, но има меч повеќе во однос на лидерот.
Во следното коло македонската женска фудбалска репрезентација ќе игра против Латвија во гости.
Александар Ванев, М-Нет