Започнува плеј-оф и плеј-аут сегментот на Првата машка кошаркарска лига

Во Првата кошаркарска лига на Македонија, плејофот започнува со осумте најдобро пласирани екипи од регуларниот дел на сезоната. Тоа се екипите на МЗТ Скопје, ТФТ, Работнички, МКК Куманово, Кожув, Пелистер, Чаир и Феникс.

Се игра по систем првиот со осмионт, вториот со седумиот, третиот со шестиот и четвртиот со петиот, односно тоа значи МЗТ Скопје против Феникс, ТФТ со Чаир, Работнички против Пелистер и МКК Куманово против Кожув.

Четвртфиналните и полуфиналните серии се играат до три добиени натпревари, што значи дека тимот кој прв ќе стигне до три победи ја добива серијата. Првите натпревари од четвртфиналето се играат веќе овој викенд на 12 односно 13 април, вторите натпревари се закажани за среда на 16 април, додека пак третите натпревари на програмата ќе бидат 19 односно 20 април. Ако е потребно да се игра четврти натпревар тој ќе биде на 23 април, а петтиот натпревар или мајсторката би била на 26 односно 27 април.

Секоја од трите плејоф-фази (четвртфинале, полуфинале и финале) се игра според принципот 2-2-1. Ова значи дека првите два натпревари се домаќински за подобропласираниот тим од регуларниот дел, следуваат два натпревари како гости, а ако е потребна “мајсторка”, таа се игра на домашен терен на подобропласираниот тим. ​Победниците од овие дуели ќе се пласираат во полуфиналето.

Во плеј-аутот каде ќе се разигрува за опстанок се четири екипи односно Вардар, Шкупи, Гостивар и Тиквеш. Во рамки на првото коло на плеј-аутот Тиквеш ќе игра со Вардар, а пак Гостивар ќе игра со Шкупи. Последните две екипи на плеј-аутот директно испаѓаат во Втората кошаркарска лига на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет