
Акција за мерење на шеќер и крвен притисок, денес спроведоа УМС на ВМРО-ДПМНЕ Штип во здружението на пензионери во градот. Акцијата е со цел да се подигне свеста кај повозрасните за гружата на сопственото здравје, како и да се прават се почести контроли. Како млада сила, ваквите акции тие ќе ги продолжат во текот и на наредните денови.
,,Денес по повод светскиот ден на здравјето, Унијата на млади сили на ВМРО -ДПМНЕ оргганизира акција за мерње на шеќер во крвта и крвен притисок се со цел подигање на свеста кај повозрасните за грижа на здрајето и редовни контроли. Планираме и во наредните денови на продолжиме со истите активности, да се грижиме за најстарите и да даваме совети.“, вели Коцев
Благодарност за денешната акција упати и претседателот на здружението на пензионери Ристе Нетков, како и пензионерите кои денес масовно дојдоа во нивниот пензионерски клуб.
Инаку, денешниот настан беше по повод светскиот ден на здравјето, кој секогаш се чествува на април, заедно со празникот Благовец.
Иван Митев, М-Нет