
Изминатиот викенд во Сараево, Босна и Херцеговина се одржа Европскиот кикбокс куп каде штипскиот клуб „Гладијатор Фајт“ се враќа со златен и брозен медал.
11-годишниот Љупче Коштанов освои златен медал во категорија помал кадет, дисциплина кик лајт -37 килограми. Коштанов во полуфиналето го доби Бекташ Емир од БиХ и така обезбеди финале, додека пак во финалето штипјанецот го совлада Јован Лаловиќ од БиХ и со тоа го освои златниот медал.
Ова е голем успех за младиот Коштанов, а кој имаше одлични подготовки за тренерите Шенол Асанов и Викторија Варадинова.
Вториот медал за „Гладијатор Фајт“ го освои Антонија Тасева, која во категорија до -60 килограми кик лајт дојде до брозен медал.
Штипјанката во четвртфиналето триумфираше со резултат од 3:0 над натпреварувачка од БиХ, а пак во полуфинале загуби од противничка која е светски шампион со 2:1.
Јован Јанковски не успеа да се пласира во борба за медал, откако загуби со 3:0 и од БиХ се враќа како петтопласиран.
Одлични резултати за „Гладијатор Фајт“ ваквите резултати се потврда за одличната работа на тренерот Шенол Асанов со правилна стратегија и развој кај младите натпреварувачи.
Александар Ванев, М-Нет