
Во Паркот на револуцијата во Кочани попладнево се одржа протестен собир „Ваш профит, наши животи“ за правда за починатите и повредените во несреќата во дискотеката „Пулс“ и правда за притворените обезбедувачи.
Иако првично протестниот собир беше најавен како марш низ улиците и пред кочанската општина, полиција и суд, граѓаните одлучија овојпат да биде само мирен собир во паркот. Посочија дека на вчерашниот протетен марш организиран од семејствата на починатите беа посетени надлежните институции и испратен јасна и недвосмислена порака.
– Сите ние имаме загинати или повредени родинини и пријатели. Сите мирни собири до сега беа за правда за прерано изгубените животи, за поддршка на семејствата на повредените деца и за неправедно приведените членови на обезбедувањето. Револтирани сме од овој гнил систем, стоп за селективната правда, додадоа во писменото соопштение испратено до медиумите, организаторите на собирот.
Притоа истакнаа дека ги демантираат гласините во јавноста дека протестниот марш закажан под мотото „Ваш профит, наши животи“ е марш само за правда за обезбедувањето.Дополнителнo додадоа дека ќе ја информираат јавноста за следните активности и собири.