Македонија идеално место за производство на органска храна, земјоделците децидни дека во неа се раѓа се

Македонија е земја со идеални услови за производство на органска храна. Почва во која се раѓа домати, приперки, краставици, компир, зелка, праз, лук, јаболка, цреши, сливи, смокви, ама буквално се. Земјоделците многу пати ќе речат земја која е благословена за многу род, ама пред се најмногу за работа, па затоа мотиката е секојдневен друг на производителот.

За да започне еден човек да се занимава со земјоделие треба да има доста финасии. Производителите велат дека има многу непланирани трошоци, за кој треба дополнително пари во џеб.

Инаку, еден од најдобрите начини за одржување на здравјето е консумација токму на вака произведена, пред се здрава и добра храна. Она што понатаму останува како прашање е колку во иднина земјоделието ќе остане живо, бидејќи се помал е интересот од помладите?

Иван Митев, М-Нет