Штипјанецот Љупчо Коштанов освои златен медал на Европскиот кикбокс куп „Grand Prix“ во Сараево, БиХ

Младиот талент Љупчо Коштанов освои златен медал на Европскиот кикбокс куп „Grand Prix“ во Сараево, Босна и Херцеговина во категорија помал кадет, дисциплина кик лајт -37 килограми.

Коштанов во полуфиналето го доби Бекташ Емир од Босна и Херцеговина и така обезбеди финале, додека пак во големото финале штипјанецот го совлада Јован Лаловиќ од Босна и Херцеговина со што го освои златниот медал.

Голем успех за 11-годишниот Коштанов, кој со одлична работа со тренерите Шенол Асанов и Викторија Варадинова се закити со златен медал, што ќе биде голем мотив во иднина да продолжи кон уште поголеми успеси.

Инаку, Коштанов е член на кикбокс клубот „Гладијатор Фајт“ од Штип.

Александар Ванев, М-Нет