Наковски Волеј го совлада Фит Фан Волеј и се чекираше во финалето од одбојкарскиот Куп на Македонија

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Екипата на Наковски Волеј со 3-0 во сетови го доби полуфиналето со Фит Фан Волеј и се пласираше во финалето, каде ќе го чека подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Работнички Скопје и Јанта Волеј КВ, кој се игра вечерва од 19 часот.

Со максимален резултат од 3-0 Наковски Волеј е во големото финале, а пак вториот полуфинале меч ќе биде како „финале пред финалето“, во женска конкуренција.

Потсетување дека за утрешните финални натпревари влезот ќе биде слободен.

Во машка конкуренција ќе гледаме реприза на ланското финале меѓу Штип УГД кој е бранител на Куп титулата и Струмица.

Александар Ванев, М-Нет