
Денеска во ООУ Гоце Делчев Штип се спроведе симулациска вежба за пожар, со цел да се проверат знаењата на учениците. Командирот на ТППЕ Благој Ренџов истакна дека според денешната вежба учениците од улилиштето се одлично подготвени и спремни. Додава дека вежбата била проследена со запалена просторија, каде што во неа имало повредени две ученички.
,,Денеска сме во ОУ Гоце Делчев, така што по годишната план и програма ова го работиме скору во секое основно и средно училиште, задолжително е да имаат вежба. Според зборењето и евакуацијата тие се прилично добри, спремни, разговарано е со нив. Имавме вежба со запалена просторија, каде што имавме и две повредени ученички, лесно повредени.“, вели Ренџов
Денешната вежба беше со цел да се провери подготвеноста на учениците, наставниците и целиот персонал вели помошник директорот на училиштето Горан Костов, во ситуација на итна евакуација.
Инаку, целта на ваквите вежби се со цел да се проверат и утврдат знаењата на учениците при можна појава на пожар.
Според информациите на командирот Ренџов, до крајот на месеов се очекува вежбите да бидат завршени во сите училишта, како и во КП Затвор Штип.
Иван Митев, М-Нет