Штип УГД е во големото финале, одбојкарите убедливи против Работнички!

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Бранителот на Купот титулата Штип УГД без проблеми го совлада Работнички во полуфиналето во СРЦ „25 Мај“ откако со 3-0 славеше во сетови.

Штипјани предводени од Кристиан Ристески се чекираа во големото финале каде ќе ја бранат Куп титулата против подобриот од вечерашниот полуфинале дуел меѓу Струмица и Борец, а се поизвесно е дека ќе гледаме реприза на ланското финале.

Штипјани одлично го отворија натпреварот и доминантно го добија сетот со 25:13. Работнички на почетокот парираше, а потоа при 9:6 штипјани направија сериозна разлика во поени и имаа 18:9, а потоа лесно момците на Ристески го добија сетот со конечни 25:13.

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Во вториот дел Работнички беше подобар и имаше постојана предност најголемата беше 3:7. Скопскиот тим беше одличен и имаше 8:12, кога стратегот на штипскиот тим Кристиан Ристески побара тајм-аут. Веднаш потоа екипата на Штип УГД ја намали предноста на 11:12, за потоа веднаш Работнички да бара тајм-аут.

Штипјани потоа направија и пресврт на резултатот кога поведоа со 17:15. Стефан Алексов со поен донесе предност од 23:19. Сетот заврши со 25:22 за водство од 2-0 во сетови за Штип УГД.

Во третиот сет се обидуваше Работнички да наметне темпо и да направи резултатска предност, но не успеваше во тоа. Во продолжението од третиот сет екипата на Штип УГД имаше предност, а потоа Работнички израмина на 13:13, брзо поведе Штип УГД на 14:13 по сервис грешка на Работнички.

На крајот сетот заврши со 25:20 за голема победа на Штип УГД над Работнички од 3-0 во сетови и со тоа пласман во големото финале.

Александар Ванев, М-Нет