
Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 23. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кои на програмата се во сабота со почеток од 15 часот.
Сашко Ристов ќе им суди на Победа и Вардар Неготино, во меч кој се игра во Прилеп, Методија Ставров го доби мечот меѓу Башкими и Новаци, Игор Иванов ќе биде задолжен за правдата на мечот меѓу Охрид и Каменица Саса.
Јордан Јовановски ќе им суди на Беласица и Вардарски во Струмица, Марјан Дејаноски ќе им суди на Арсими и Осогово, Пларент Салихи ја доби скопската пресметка на Македонија ЃП и Скопје, Борче Павловиќ ќе им суди на Борец и Кожуф, а пак Благојче Ралевски ќе ја дели правдата во Штип каде ќе се соочат Брегалница и Детонит Плачковица од Радовиш.
На М Нет телевизија во живо ќе можете да го следите натпреварот меѓу Брегалница и Детонит Плачковица.
Александар Ванев, М-Нет