Сто пациенти се лекуваат во државата и странство, тројца се критични

Вкупно 100 пациенти се лекуваат од пожарот во дискотеката во Кочани, од нив 20 се на скопските клиники и 80 во клиниките надвор од државата. Според Министерот за здравство, критични се само тројца пациенти во странство, а денеска се очекува да се вратат двајца пациенти, еден од Белгија и еден од Полска.

„Вкупно ни остануваат од 193 пациенти само 100 пациенти кои се лекуваат, од кои само три се критични. Во Македонија се лекуваат 20 пациенти. Надвор од државата се лекуваат 80 пациенти и денеска се враќаат уште двајца пациенти.“ – вели Таравари.

Моментално од странство се враќаат пациентите кои се со полесна клиничка слика. Останатите кои ќе се вратат понатаму дополнително ќе бидат згрижени.

За пациентите потребни се и вежби со дишењето, а за тоа своите врати ги отвори и Одделението за физикална терапија при штипската Клиничка болница.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет