
Во рамки на 10. коло на плеј-офот на женската ракометна Суперлига екипата на Астибо го запиша десетиот пораз, откако во Штип пред својата публика загубија од Куманово со резултат од 27:38.
Кај екипата на Астибо најдобра беше повратничката Марија Анчева со седум гола, а толку имаше и Елена Вучевска. Кај Куманово Шехтанска и Мемов имаа по осум гола.
Чаир со убедлива победа од 37:31 го доби дуелот со Вардар. Стефанија Ѓорѓиевска беше најдобра со девет гола кај Чаир, додека пак кај Вардар се истакнаа Леона Миленковска, Нина Милевска и Ивана Трифуноска со по шест гола.
Шамапионот Ѓорче Петров со убедливи 28:21 славшее над Металург Автокоманда со што „лавиците“ ја продолжуваат победничката низа. Ивана Деиќ имаше 11 гола за Ѓорче Петров, а кај Металург Автокоманда пет погодоци имаше Марија Јанкуловска, а пак Борјана Коцева имаше четири гола.
Во плеј-аутот се одиграа натпреварите од 4. коло каде Стружанка загуби дома од Ѓорче Петров 2 со резултат од 20:28, во Свети Николе немаше победник откако Овче Поле и Спартак ремизираа играјќи 27:27, а победник немаше ниту во Битола каде Пелистер и Деспина ги поделија бодовите откако ремизираа играјќи 21:21.
Во рамки на оваа коло во плеј-аутот слободна беше екипата на Шампион.
Александар Ванев, М-Нет