
Поранешните градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илијев осомничени за трагедијата во Кочани остануваат во куќен притвор, соопшти Апелациониот суд во Штип преку писмено соопштение. Судот ги отфрлил жалбите на осомничените и на адвокатите и на Основниот јавен обвинител од Кочани против решението на Кривичниот совет на Кочанскиот суд со кое мерката притвор се заменува во мерка куќен притвор. Судот ја прифатил жалбата на обвинетиот Димитровски во делот на решението за привремено одземање на патна или друга исправа.
Жалбите изјавени од осомничениот Р.Д. од К. преку бранителот адвокат А. С. од К. и од Основниот јавен обвинител од Кочани, против решението на Основен суд Кочани КС-36/2025 од 24.03.2025 година во ст.1 со кое мерката притвор се заменува со мерка куќен притвор, – СЕ ОТФРЛААТ КАКО НЕДОЗВОЛЕНИ.
Жалбите изјавени од осомничениот Р. Д. од К., преку бранителот адвокат А. С. од К. и од Основниот јавен обвинител од Кочани против решението на Основен суд Кочани КС-36/2025 од 24.03.2025 година, во ст.2 за определената мерка на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница на име на осомничениот Р. Д. од К., односно забрана за нејзино издавање ,-СЕ УВАЖУВААТ.
Решението на Основен суд Кочани КС-36/2025 од 24.03.2025 година во ст.2 од истото СЕ УКИНУВА и предметот само во тој дел се враќа на повторно одлучување.
Стои во соопштението на Апелационен суд Штип
Иван Митев, М-Нет