Кокошки затворени во кокошарник пред распаѓање, заградени на државно место во нас. Балканска во Штип, ги вознемирува минувачите, надлежните со мерки


Кокошки затворени во кокошарник, на кој покривот е пред паѓање, заградени на државно место во кое има далековод среде населбата Балканска во Штип ги вознемирува секојдневните минувачи од таму. Група на луѓе со бурни реакции испраќаат видеа до М-Нет телевизија на кои се гледа местото во кое покрај што непознатото лице заградил државно место, тој чува животни на ризик. По видеата, М-Нет се обрати до комуналниот инспектор Борче Везенков, а тој вели дека за случајот тие се запознати од порано и досега имаат оставено опомна, по која лицето не постапило. Во моментот комуналната инспекција ќе изготви налог од градоначалникот за отстранување од ЈП Стипион 2011 со цел местото се исчисте и уреди. Од општината истакнаа дека населбата се наоѓа на границата на генералниот урбанистички план, што значи дека овде не смее да се чува стока. Истовремено објектот е на државно земјиште, па затоа местото мора да се исчисти, односно нема простор за негова легализација.

Иван Митев, М-Нет