
Откако во вторникот се одиграа натпреварите од 16. коло на Трета лига – Север, вчера се одиграа натперварите од Трета лига – Југ, Југозапад и Запад.
Во рамки на Трета лига – Југ се играа мечевите од 16. коло каде лидерот Големо Коњари однесе висока победа од 1:4 против Слога во Лажани, Венец со минимлани 1:0 го доби Питу Гули, екипата на Росоман со 3:2 беше подобра од Влазними Јуниор, Бучин и Башкими 2008 ремизираа играјќи 1:1, а висока победа имаше Превалец од 9:0 над Ултарс, но во 64. минута мечот беше прекинат поради тековно повредени и излезени играчи се сведе екипата на шестмина активни играчи, па мечот беше прекинат поради минимален број на играчи.
Пролетниот дел во Трета лига – Југозапад започна со мечевите од 12. коло, откако на два наврати се одлагаше почетокот првиот пат поради промена на седиштето од ОФС Охрид во ОФС Битола вториот пат поради трагедијата во Кочани.
Фаворите во првото коло се „сопнаа“ откако Коарб ремизираше на гостување кај Демир Хисар играјќи 1:1, Сатеска исто така ремизираше против Света Троица во Охрид играјќи 1:1.
Реми со по еден гол за 1:1 имаше и на мечот меѓу Кравари и Евротип, а пак Влазними го загуби градското дерби со Струга од ланскиот второлигаш Караорман со 1:2.
Натпреварот меѓу Славеј Мешеишта и Велешта не се одигра, бидејќи гостинот на терен се појавил со тројца играчи. Во рамки на оваа коло слободна беше екипата на Преспа од Ресен која требаше да игра со откажаниот Светлост од Кукуречани.
Во Трета лига – Запад се играа натпреварите од 14. коло, а во рамки на истото се играше и дербито на колото меѓу Тетекс и Влазерими кое не го дочека својот крај откако мечот на 0:0 беше прекинат во 75. минута, за што истиот ќе се на „зелена маса“.
Доброшти дома загуби од Ренова со 3:6, реми без голови на Вардар Брвеница и Љуботен, Зајас го доби Велазерими со Слатино со 5:1, Џепчишти беше сигурен против Речица со 3:1, а пак Дрита со минимални 0:1 загуби во Боговиње од Камјани.
Александар Ванев, М-Нет