Во ЖИВО на М Нет телевизија: Осогово – Македонија ЃП, сабота од 15 часот

Овој викенд на програмата ќе бидат натпреварите од 22. коло на Втората фудбалска лига, а гледачите на М Нет телевизија ќе имаат можност да го проследат натпреварот меѓу Осогово и лидерот Македонија ЃП.

Оваа ќе биде прв меч на Осогово на домашен терен после големата трагедија во Кочани, меч кој ќе има емоции, а „жетварите“ се силно мотивирани за позитивен резултат после големата победа над Борец во претходното коло и ја продолжуваат борбата и за директен опстанок.

„Лавовите“ од Ѓорче немаат право на грешка со цел да не го загубат лидерското место, тие сакаат експресен кам бек, но истиот го сакаат како шампиони во Втората лига.

Осогово е во бараж зоната за опстанок, но сега има само четири бодови негатива од зоната за директен опстанок и тоа силен мотив за тимот на Крсте Крстев да бара три бодови и против фаворитот од Ѓорче.

Меч и три бодови од капитална важност и за двете екипи, а истиот ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија во сабота со почеток од 15 часот, преку директен пренос од Кочани.

Александар Ванев, М-Нет