Се уредуваат тротоарски површини со што ќе се поврзат булеварите „Гоце Делчев“ и „Партизанска“ во Штип

Се уредуваат тротоарски површини во должина од еден километар, со што ќе се поврзе булеварот Гоце Делчев со булеварот Партизанска во Штип. Како што истакна градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, ова е со цел поголема безбедност за пешаците, но и за сите учесници во сообраќајот. Дополнително во наредната недела треба да завршат и активностите за асфалтирање на сервисни улички кои се наѓаат на овој потег.

„Овде транзитираат голем број ученици кои учат во СОУ Коле Нехтенин. Паралелно на ова ќе се асфалтираат сервисни улиици на булеварот Гоце Делчев кои се наоѓаат на овој потег. Од страна на Општина Штип за уредувањето на тротоарските површини се издвоени околу 2 милиони денари, а за асфалтирањето на улиците се издвоени уште два милиони денари“ – кажа Јорданов.

Освен на булеварот Гоце Делчев периодов се работи и на останати улици и локации во градот. Активности има за реконструкција на водоводната мрежа, асфалтирање, уредување на тротоарски површини и слично., Целта е градот Штип да добие соверемен и модерен изглед.

Иван Митев, М-Нет