Владата разработува акционен план за да се одстранат сите неправилности, засилените контроли никако нема да престанат

Засилени контроли и понатаму најавува премиериот Мицкоски, до сега воочени огромни неправилности. Дури 80 проценти неправилности, покажала праксата рече денес Мицкоски во посетата од Радовиш. Истакна дека влата разработува акционен план за да се одстранат сите неправилности. Она што тој посебно го истакна е дека се ограничени алатките и ресурсите со кои што тие како владата располагаат, но дециден е тој дека и со такви ќе се продолжи за да се спречат несаканите случувања.

,,Засилени контроли, да , тие никако не престанаа. Можам да кажам дека се воочени огромни неправилности. Зборувам за 80 проценти пракса која што функционирала и повеќе нема да функционира. Разработуваме план акционен за одреден период да прогласи мораториум и да се одстранат сите тие неправилности за да оние кои што сакаат да функционираат до дејноста со која што функционирале. Морам да кажам дека ресурсите и алатките со кој што располагаме се ограничени, но и со такви ќе продолжиме да истераме, со што да спречиме да не се случуваат немили случувања.“, вели Мицкоски

Инаку засилените контроли последниот период, донесе резултати од 34 приведени лица, кој што незаконските, работеле во државата.

Иван Митев, М-Нет