16 пациенти ќе бидат пуштени на домашно лекување, осум неделава се враќаат во државата, критични се четри

Од вкупно 46 пациенти кои се лекуваат на клиниките во Скопје, 16 денеска ќе бидат пушетни дома. Министерот за здравство, Арбен Таравари, на денешниот прес истакна дека направени се сите испитувања пред пациентите да бидат пуштени на домашно лекување, а во болница ќе останат уште 30 пациенти од трагедијата во Кочани.

„Во моментот во Скопје се лекуваат вкупно 46 пациенти, од кои 26 се во Клинички центар, во ГОБ „8 Септември“ се десет пациенти и во градска болница уште десет пациенти. Испишуваме 16 пациенти по сите направени испитувања“ – вели Таравари.

Надвор од државата се лекуваат 115 пациенти, од кои четири се во критична состојба. Остаанатите се во стабилна состојба вели Таравари. Оваа недела се очекува осум пациенти да се вратат во клиниките во нашата држава, а потоа да бидат пуштени дома. За две недели се очекува да се вратат половина од пациентите кои се лекуваат во странство.

„Надвор од Македонија се лекуваат 115 пациенти. Оваа недела очекуваме осум пациенти да почнат да се примаат прво во клиниките кај нас, а потоа ќе бидат пуштени дома.“ – додава Таравари.

Во меѓувреме се следи целата здравствена состојба кај пациентите со цел да не се појават компликации.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет