
Започнаа активностите на терен за комплетна реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Пиринска“ во Штип. По долги шест децении улициата ќе биде и целосно реконструирана, а ќе се пристапи и кон уредување на тротоарските површини. Издвоени се околу шест милиони денари, од кои 2,3 милиони денари се за реконструкција на подземната инфраструктура. Ова е барање на жителите, кои живеат во овој дел од градот и кои постојано се соочувале со проблеми и дефекти со водоснабдувањето.
„Жителиите на оваа улица сведочат дека со годините наназад најчестите дефекти на водоводната мрежа се случувале токму на улица Пиринска. ЈП Исар досега многупати досега инсистирале да биде заменета оваа азбесна мрежа која е штетна и по здравјето. Повеќе од 2,3 милиони денари се одвоени за прва фаза, реконструкција на водоводната мрежа, а потоа ќе се навлезе и со целосна реконструкција на улицата“ – вели Јорданов.
Околу сто семејства ќе добијат нов приклучок со што целосно ќе се реши проблемот со водоснабдувањето на улицата „Пиринска“. Ќе се реконструира главната водоводна линија во должина од 450 метри.
„Должината е 450 метри, тука вклучува главна водоводна линија Ф110, полиетеленска цевка која долгорочно ќе го реши проблемот за водоснабдувањето. Овде ќе има повеќе од 100 приклучоци.“ – вели Арсовски.
Паралелно со улица „Пиринска“ се работи и на други улици и локации во градот. Периодот кој следи ќе биде динамичен, посочи Јорданов, со цел да се исполнат барањата на граѓаните кога е во прашање реконструкцијата и урбанизирањето на Штип.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет