
За денеска во 15 часот најавен е протест во Кочани на кој ќе се бара одговорност за трагедијата во дискотеката Пулс која ги одзеде животите на 59 млади и невини луѓе. Граѓаните преку социјалните мрежи повикуваат на масовност. Инаку, синоќа во Штип се одржа мирен протест на плоштадот Слобода, а потоа граѓаните масовно се упатија на мирен марш низ улиците во централното градско подрачје. Беа пуштени балони во чест на загинатите сограѓани. На социјалните мрежи се најавува и мирен протест за понеделник во Скопје.
Иван Митев, М-Нет