Голема тишина и празнина утринава на тврдината Исар во Штип, ,,Четрсе“ годинава без ниту еден фрлен камен

Празни тезги без купувачи, голема тишина и празнина низ тврдината Исар во Штип. Трагедијата, кој која го потресе општеството до темел, причина утринава секој е дома. Само слаб ветер, од кој се слуша само нишање на штотоку расцутените дрвја и борје од времето на нашите предци. Оваа година нема музика, нема фестивали, нема настани поврзани за денот на пролетта. Четерсе годинава без ниту еден каме фрлен кон реката Брегалница, а тоа дирекно и М-Нет телевизија го потврдува од терен. Штип од оваа година не само што има празник посветен на 40 маченика, тој од сега има дополнителни пет маченика, кој невино го загубија животот во Кочани. Штип задвчера ги погреба петмината, пред се млади и вредни луѓе, вчера проследи меморандум, денес оставен сам да тагува во тишината. Но, не само што е празен Исарот, празни се улиците, сокаците, продавниците, штипјани сочувствуваат длабоко во себе. И не само во Штип, откажани се настаните, манифестации и фестивалите и во соседните градови, по кој тие се претпознатливи, како зелникот на баба, пробиштипскиот и зелтовски маскембал, велигденски хепенинг и сл.

Иван Митев, М-Нет