
Во понеделник ќе бидат одиграни натпреварите од одложеното 21. коло на Втората лига, поради големата трагедија во Кочани, каде животот го загубија 59 лица.
Натпреварите ќе започнат со минута молк, а од оваа рунда ќе имате можност на М Нет телевизија да проследите два натпревари во живо.
Натпреварот од Велес меѓу Борец и Осогово, кое е дерби од дното на табелата за опстанок ќе можете да го проследите преку директен пренос на М Нет телевизија. Дерби меч каде трите бодови се од капитална важност во трката за опстанок и на двете екипи.
На спортскиот канал М Нет Спорт ќе можете да го проследите натпреварот меѓу Брегалница и Осогово кој се игра на градскиот стадион во Штип.
Оваа е соочување каде Брегалница нема право на грешка против „пиратите“ од Автокоманда за освојување на трите бодови со цел експресно враќање во Првата лига.
Преносите од натпреварите ќе започнат во 15 часот.
Александар Ванев, М-Нет