Прволигашите Шкупи и Воска Спорт како и ЖФК Љуботен добија забрана за трансфери од ФИФА!

ФОТО: Александар Ванев | М Нет телевизија | АРХИВА

Три македонски прволигаши, два во машка и еден во женска конкурнеција се најдоа на листата на ФИФА за забрана на трансфери.

Се работи за Шкупи и Воска Спорт кои повторно се на листата на ФИФА со забрани за регистрации на играчи, а истите се однесуваат за следните три преодни рока. Шкупи забраната ја има добиено на 12. март, а пак Воска СПорт на 28. февруари.

На оваа листа сега се најде и актуелниот шампион во Првата женска фудбалска лига, ЖФК Љуботен. Тетовскиот клуб има забрана за регистрација на нови играчи, а забраната е добиена на 26. февруари.

Александар Ванев, М-Нет