
Македонија утре со натпреварот против Лихтенштајн ги започнува квалификациите за Светкото првенство кое се игра следната година во Катар.
Против Лихтенштајн ќе биде апсолутни фаворити, а и самата традицијата го потврди тоа. Македонија во својата историја највисоката победа ја има токму против Лихтенштајн од 1:11, а на последното соочување на 8. октомври 2021 година Македонија славеше против Лихтенштајн во гости со 0:4. Репрезентацијата на Македонија само една ремизираше против Македонија, на 8. септември 2002 годин играјќи 1:1.
Натпреварот ќе се игра на стадионот „Рајн парк стадиум“ во Вадуц, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на мечот кој ќе започне во 15 часот.
Главен судија ќе биде Микола Балакин од Украина, а негови асистенти ќе бидат Виктор Маташ и Олкександр Беркут.
Александар Ванев, М-Нет