Натпреварите во македонскиот фудбалот ќе започнат со минута молк поради големата трагедијата во Кочани

Од понеделник ќе започнат фудбалските натпревари, веќе се закажани натпреварите во Првата, Втората, но и Третата македонска фудбалска лига, кои не се одиграа и беа одложени поради големата трагедија која се случи во Кочани каде животот го загубија 59 лица.

Натпреварите од одложеното 21. коло на Втората фудбалска лига ќе се играат во понеделник, а пак натпреварите од 25. коло на Првата фудбаска лига ќе се играат во два дена односно на 29. март (сабота) ќе се игра мечот меѓу Пелистер и Вардар, а останатите на 31. март (понеделник), сите од 15 часот.

Во меѓувреме се закажани и натпреварите од сите пет региони на Третата македонска фудбалска лига.

Сите натпревари во сите конкуренции ќе започнат со една минута молк, за да им се оддаде почит на жртвите и на семејствата од големата трагедија во Кочани.

Александар Ванев, М-Нет