Искинати хамери на средношколци од Штип на кои стојат пораки за трагедијата во Кочани

Бура на слики од искинати хамери на кои стојат пораки за трагедијата во Кочани се шират низ социјалните мрежи. Според сликите кои се објавени на социјалните мрежи, јасно се гледа како транспарентите со пораки се искинати, ова предизвика многу негативни коментари на објавите. Според информациите на група луѓе, ваквиот настан се случил денес во штипско средно училиште, а се уште нема официјална потврда за овој настан. Ваквиот чин, според коментарите го дополнува гневот и ја отежнува болката на учениците, кои единствено како што и тие истакнуваат на транспарентите бараат правда и менување на работите од корен.

Иван Митев, М-Нет