Сите повредени од несреќата се живи, вели Таравари, 101 пациент се на лекување во странство

По 72 часа од несреќата во Кочани, нема починати од повредените, вели министерот за здравство Арбен Таравари. Денеска за Шведска ќе бидат испратени на лекување пет пациенти. Но во периодот кој следи, се очекува дел од повредените кои се во добра здравствена состојба да се вратат во државата. Во штипската клиничка болница се лекуваат тројца пацинети од кои двајца денеска треба да бидат пуштени на домашно лекување.

„Вкупно се третираат 178 пациенти низ различни здравствени установи од коишто 64 се во болниците во Македонија и 13 пацинети се во приватните болници. Сите се во релативно стабилна состојба. Во моментот 101 се надвор од државата, повторно ќе речам сите во релативно стабилна состојба“ – вели Таравари.

Во меѓувреме течат и прегледите на пацинетите кои биле на диско кобната ноќ, ама за среќа преживелае. И во кочанската општа болница и во штипската клиничка болница се вршат прегледи.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет