
59 црни балони во лест на 59 мината починати од трагедијата во дискотеката. Трет ден кочанчани палат свеќа и пишуваат пораки во книгата на жалост, сеќавајќи се на своите деца, браќа и сестри, пријатели, сокласници. Освен почит за починатите вечравечер се одржа мирен собир и за хероите, обезбедувањето кое спасуваше деца, а сега е во притвор.
„Затоа ви викам, не ни праќајте полиција, обвинители, ако имаме држава нормална пратете ни психијатри и психолози што ќе работат со тие деца и родители. Дајте да го спасеме тоа дете што остана живо, што има трауми, што му умирало другарчето во рацете, што веќе не знае што да прави“ – велат кочанчани.
Кочани е веќе завиено во црно. Освен масовно што се излегува на протест за правда, улиците се празни, централното градско подрачје пусто, продавниците затворени, светлината згасна. Секоја вечер се одржува и молебен за починатите, но и за повредените.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет