Марула, млад кромид и лук во изобилие на пазарот во Штип, пиперот и зелката со висока цена

Марула, млад кромид и лук речиси на секоја тезга на пазарот во Штип. Убавото сонце, ги предизвика штипјани да се раздвижат и да си купат што им е потребно. За М-нет тие велат дека цените се идентични како и претходниот петок. Особено поскапен за нив за сега е пиперот, а најевтина свежата марула. Истакнуваат дека макотрпно е да се произведе, а со слабите примања тешко и да се купи.

Иако имаше раздвиженост, производителите велат дека овој петок е слаба побарувачката. Тешко е да се произведе велат тие, па согласно цените речиси заработувачка тие немаат.

Инаку овој петок повторно зелката беше луксуз за граѓаните, но и зелената пиперка за пржење. Дополнително се купуваше и овошје и тоа најмногу портокалите и јаболката. И овој петок чајот беше неизоставен дел од тезгите, набран од високите планини и гори.

Иван Митев, М-Нет