
700.000 денари дополнително ќе одобри Општина Штип за кофинансирање на проектот осветлување на дел од кејот на реката Отиња. Со мнозинство гласнови, советот на општината ја прифати одлуката за измени. Секретарот на општината Вишна Шорова Ангелова, вели дека поради започнатата нова фискална година е неопходно да се утврди дека неисплатените средства, ќе се исплатат од новиот буџет за 2025.
“Советот во 2024 година веќе донесе одлука за дополнително кофинансирање од страна на Општина Штип во проектот за осветлување на дел од кејот на река Отиња. Поради тоа што е започната нова фискална година, потребно е да сеизврши измена на членот два во одлуката, односно да се уттврди дека средствата кои се останати неисплатени, ќе се исплатат од буџетот во 2025 година на сметка на економскиот опреатор.“, вели Шорова-Ангелова
Проектот е произлезен како приоритетен за граѓаните на општината, вели Шорова Ангелова, бидејки произлегува од самата заедница додава таа.
Инаку проектот е завршен и се работи за делница од ново село, поточно од вливот на реката Отиња во реката Брегалница до мостот кај улицата Генерал Михајло Апостолски. Проектот е со цел градот има подобар изглед со 170 канделабри , кој го осветлуваат кејот на река Отиња .
Иван Митев, М-Нет