Апел да не се палат огнови на отворено апелираат од ДЗС, посебно за одговорност се информираат земјоделците

Да не се палат огнови на отворено, апелираат од дирекцијата за заштита и спасување. Апелот особено се однесува за земјоделците, кои интезивно се подготвуваат за пролетната сеидба и ги чистат и палат отпадоците и страништата на своите ниви. На голема внимателност се информираат и оние, кои што се движат и работат во шумите, бидејќи како што велат и од дирекцијата, само една искра е доволна за да се потпали сувата трева.

„Поради зачестените полски и шумски пожари деновиве, Дирекцијата за заштита и спасување упатува апел и предупредување до сите кои работат или се движат на отворен простор да не палат огнови. Апелот посебно се однесува на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба и ги чистат и палат отпадоците и стрништата на нивите. Апелот се однесува и за оние кои се движат и работат во шумите, на излетниците, но и на сите граѓани, зашто доволно е само мала искра за да се потпали сувата трева или околната нискостеблеста вегетација. Исто така, граѓаните не треба да вршат палење на отпад и друг горлив материјал и да не фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња. Доколку забележат пожар на отворен простор граѓанска должност на секој граѓанин е најбрзо што може да го пријави во надлежните институции. Од брзината на јавувањето, содржината и точноста на информации зависи и исходот, односно успехот на акцијата за гасење на пожарот. Дирекцијата за заштита и спасување будно ја следи ситуацијата со пожарите во државава и реагира онаму каде што е потребно, во интерес на граѓаните и животната средина.“, информираат од ДЗС

Апел упатуваат и од противпожарните единици, особено најпогодените од малешевијата. Командирот Сашко Руменовски, со голем апел за голема внимателност и одговорност

Инаку, пожари во последните неколку дена имаше речиси на секаде низ државата. Во истокот, беа зафатени најмногу беровските и каменичките краеви, како и виничко и штипскиот крај.

Иван Митев, М-Нет