Овој петок најмногу барани цвекињата, марулата и младиот кромид, граѓани се спремаат за Тодорица

Петочен пазарен ден пред 8 март и прв за овој месец. Граѓаните ги полнеа торбите најмногу со свежите и штотоку излезени пролетни производи како марулата и младиот кромид, но и лук, кој што граѓаните го купуваа како што велат за високиот крвен притисок. Цените и овој петок исти како и претходниот, единствено покачување имаше повторно на зелката.

Побарувачка има велат производителите, додавајки дека цените се склади според нивните рошоци. Истакнуваат дека наскоро ќе посадуваат и домати, припер и краставици за оваа година.

Во согласност со ситуацијата, овој петок се продаваше и роквицата, но и брокулата, кој граѓаните ги купуваа за салати.

Иван Митев, М-Нет