
Во пресрет на денот на жената, цвеќарите веќе ги изложија најубавите цвеќиња кои граѓаните на големо ги купуваат. Ружите во центарот на вниманието, но овој период од годината барани се и цикламите. Како што велат продавачите на цвеќиња, сѐ уште е рано па сега најчесто се купуваат цвеќињата во саксии. За Осми март се прават и аранжмани, па продавниците веќе се подготвени за порачки. Цените стандардни велат продавачите, а продажбата веќе е во тек.
„Највеќе се троше цикламата, ружичките, женското цвеќе. Цените се стандардни од 150 до 200 денари. Прашуваат луѓето, некои купуваат, немаат пари некои и така. Најскапото цвеќе е 500 денари.“ – велат цвеќарите.
Граѓаните велат цвеќе за Осми Март е традиција која се почитува. Повозрасните анкетирани граѓани децидени дека сѐ уште купуваат цвеќе, тоа е почит за денот на жената.
Освен цвеќе се купуваат и други подароци со што на соодветен начин се одбележува денот на жената и се оддава значителна почит.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет