
Одбојкарите на Штип УГД одиграа уште еден перфектен натпревар откако со доминантна игра и 0:3 во сетови го декласираа тимот на Шкендија во Тетово.
Првиот сет Штип УГД го доби со десет разлика со 15:25, во вториот сет резултатот беше 17:25, а во третиот сет штипјани доминираа и сетот го добија со убедлив резултат од 10:25.
Весна Пробиштип забележа домашна победа од 3:0 во сетови против екипата на Јанта Волеј. Во првиот сет тимот од Пробиштип беше подобар со 25:17, во вториот одново домаќинот беше подобар со 25:19, а во третиот сет Јанта Волеј парираше подобро, но сепак сетот го доби тимотна Весна Пробиштип со 25:23.
Шампионот Струмица со 0:3 славеше гостинска победа против Универзитет Тетово со тотална доминација на струмичани во сите три сетови. Со 14:25 Струмица ги доби првите два сета, а во третиот сет беше убедлива со 11:25.
Сушево со 3:0 го декласираше Вардар, а резултатски сетови ги добива со 25:16 во првиот и 25:20 во вториот сет, додека во третиот сет резултатот беше 25:9.
Два меча од оваа рунда се играа во четири сета. Борец на домашен терен беше подобар со 3:1 во сетови против Работнички. Во првиот сет гостинот беше подобар со 22:25, потоа Борец го доби вториот сет со 27:25, а пак третиот сет се играше долго и Борец го доби истиот со фантастични 35:33, а во четвртиот сет велешани беа подобри со 25:16.
Скопје на домашен терен загуби од Лирија со 1:3 во сетовио. Првиот заврши со 25:22, а останатите сетови ги доби гостинот. Вториот со 18:25, а третиот и четвртиот со 16:25.
Александар Ванев, М-Нет