Ана Ангеловска од ЖКК Патриот од Делчево со признание од М Нет за најдобра во клупски спорт: Кошарката за мене е повеќе од игра!

Младата кошаркарка Ана Ангеловска која го носи дресот на женскиот кошаркарски клуб Патриот од Делчево, на спортската манифестација на М Нет телевизија „Избор на млад спортист од Источниот регион за 2024 година“ доби признание за најдобра од клупските спортови и парична награда од 3.000 денари.

На 5 години започнува со тренирање на кошарка, а на 13 години заиграла во Првата лига, изминатата година со нејзиниот клуб избори влез од Прва Б лига во Прва А лига, постигнати бројни успеси во младинските лиги. Освојување на титулата до 16 години, каде Ангеловска беше просласена за најкорисен играч, а веќе пет години е дел од кошаркарската репрезентација на Македонија, а настапуваше на три Европски првенства.

„Кошарката за мене е повеќе од игра – тоа е животен пат што ме научи на дисциплина, тимска работа и никогаш да не се откажам од моите цели“, е нејзиното мото.

„Прво сакам да кажам дека ми е чест и задоволство што ја добив оваа награда, тоа за мене е како еден поттик да продолжам да спортувам и да се докажувам. Моментално ние се натпреваруваме во Прва А лига со мојот клуб Патриот од Делчево, ќе ја искористам ова прилика да се заблагодарам на моите соиграчи, на мојот тренер, на родителите и на сите што ми беа поддршка во овој процес. Моментално се натпреваруваме во Прва А лига и целиме да опстанеме во Првата лига, бидејќи минатата година бевме во Прва Б лига“, рече Ангеловска.

Интерес за кошарката во Делчево има како што вели Ангеловска, а нејзиниот клуб се натпреварува во Првата А лига.

„Во Делчево има доста заинтересираност за спортување конкретно за кошарката има многу млади таленти и мислам дека надеж за градот“, вели Ангеловска.

Како што вели Ангеловска, спортот ја научила на дисциплина, тимска работа и да не се откажува од своите цели, што е уште една потврда за тоа колку е важен спортот кај младите.

Александар Ванев, М-Нет