Марио Ананиев најдобар спортист на манифестацијата „Избор на млад спортист од Источниот регион за 2024 година“ на М Нет телевизија

Синоќа во Дом на млади во Штип се оддржа спортската манифестација „Избор на млад спортист од Источниот регион за 2024 година“ во организација на М Нет телевизија.

Ова година овој избор беше регионален со опфатени 13 општини, а конкуренцијата беше голема со пристигнати над 80 кандидатури.

„Што се медиумите без спорт и без медиуми. Ние будно ги следиме сите резултати на младите спортисти и уште една апелирам до клубовите од Штип и целиот Источен регион да контактираат со нас за јавноста да може сите успеси на младите спортисти што би можело да ги мотирива децата да ги покажат своите афинитети кон определен спорт“, рече директорот на М Нет телевизија, Благој Серсемов.

Ова манифестација беше поздравена и од градоначалникот на општина Штип, Иван Јораданов.

„М Нет е медиум кој што будно го следи секое постигнување и секој спортски напор кој што го вложувате вие но го вложуваат и сите спортисти од целиот регион и од целата наша држава. Нема поголемо задоволство од тоа еден спортски резултат се проследи во јавност, да се сподели таа среќа и тоа задоволство со целата нација“, рече градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов.

Конкуренцијата беше голема на делба на третото место беа Марија Цветанова од боречки клуб Балканец од Штип, како и Љупче Михајлов од карате клубот Штип од Штип, кои добија плакети, медал и парична награда од по 3.000 денари од рудник Бучим и Боров Дол.

Исто така и за второто место конкуренцијата беше голема каде истото го поделија Филип Стојанов од карате клубот Партизан од Кочани и Душица Бреслиева од карате клубот Штип од Штип, кои добија плакети, медал и парична награда од по 6.000 денари од рудник Бучим и Боров Дол.

Најдобар во изборот на М Нет телевизија за најдобри спортисти до 18 години за изминатата 2024 година на Истокот е Марио Ананиев од боречкиот клуб Бучим од Радовиш, кој доби плакета, медал и парична награда од 30.000 денари од рудник Бучим и Боров Дол.

„Како прво да се заблагодарам на телевизија М Нет за овој голем гест, кој ги следи младите спортисти, вие сте единствени од македонските телевизии кои го следите не само борењето туку и сите спортови како фудбалот. Марио Ананиев еден прекрасен талент кој потекнува од семејство од Киро Ристов како голем талент, неговиот талент го препознаа многу во нашата држава“, рече претседателот на БК Бучим, Владо Лазаров.

На манифестацијата беа доделени и две посебни признанија на Тодор Јовановски за особен придонес во афирмација на спортот и спортското новинарство, како и на Игор Христовски за особен придонес во техничка реализација на спортски преноси.

Александар Ванев, М-Нет