
Плата и по илјада евра ама никој не сака да работи сточарство. Од фармите каде се одгледуваат крави велат дека најголем проблем е недостигот на луѓе. Никој не сака да работи повеќе од една недела, без оглед на тоа дека се нуди висока плата. Идентична е ситуацијата и со одгледувањето на овци. Овде пак се нудат двјно повисоки плати ама работници нема.
„Најголемиот проблем е недостиг на работна рака, луѓе. Ние случајно, еве јас имам колега кој дава по илјада евра плата и пак не може да најде. Ќе дојдат една недела и си заминуваат. И со илјада евра се незадоволни. А тие што одлегуваат овци даваат и по две илјади евра плата. Тоа е најголемиот проблем.“ – вели Штерјов.
Тој одгледува околу 60 телиња и оваа работа ја работи повеќе од две децении. Вели дека тешко исплатливо е, затоа работи сам и пред се од голема љубов. Бидејќи цената за откуп на телињата жива мера е од 180 до 200 денари килограм.
„За нас производителите, гледајќи која е цената по маркетите, за нас воопшто не е исплатливо. Многупати губеме, ама не можеме да ја уништиме фармата. Во глобала кажано исплаќа се ама со многу труд.“ – додава Штерјов.
Дополнително вели ако одгледувачите имаат сопствена храна можат да преживеа, со противно со храна која треба да се купи исплатливоста паѓа уште пониско. Токму затоа се намалува одгледувањето на стока и тешко може да се најде некој што ќе работи сточарство.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет