
Со заклетвата, која се смета за свето нешто во извидништвото, активности за членовите во повеќе категории и прослава, сојузот на извидници на Македонија денес го одбележува 22 февруари светскиот ден на извидништвото. Централната прослава во државава годинава е на плоштадот во Св. Николе. Од извидничкиот одред „Еквинокс“ Штип велат дека се очекува бројка од околу 600 извидници ширум земјава. Информираат дека овој ден за извидниците претставува празник со големо значење.
„Сојузот на извдинци на Македонија по повод 22 февруари, денот на извидништвото, организира централна прослава во Св. Николе на самиот плоштад, која е наменета за сите извидници со што очекуваме да имаме бројка околу 600 извидници ширум земјата. Станува збор за прослава каде што ние всушност го славиме денот на извидништвото , кој за нас е празник, бидејќи е нешто посебно и тогаш започнува извидништвото во светот, па затоа ова е на нас годишнина.“, вели Тошиќ
На прашањето дали понежниот пол се активираат во нивниот одред, Тошиќ вели дека дури 60 проценти, што го доведува фактот дека само 40 проценти се машки.
За да се членови во извидниците, од извидничките организации велат дека е потребно само желба, а она што е карактеристично е тоа што во истите може секој да членови, бидејќи тие немаат старосна граница.
Иван Митев, М-Нет