Реконструкција на старите и поставување на нови „смарт“ постојки во Штип

На влезот во Штип ќе се постави нова постојка, а во периодот кој следи ќе се реконстурираат и нови постојки ќе се постават на сите локации каде се стари или недостасуваат. Директорот на ЈП Стипион, Панче Стефановски, посочи дека се работи со подобрување на временските услови и на овие активности со што Штип ќе добие модерни, еко смарт постојки кои ќе можат да ги користат граѓаните.

„Во овој дел има најава во следниот период да се засиле реконструкцијата на постоечките постојки и да се постават нови. За жал морам да кажам дека имавме ден проект пред финална реализација што ни е сопрен поради замрзнатите средства. Требаше да има нови шест смарт постојки. Во наредниот период ќе ги реализираме со сопствени средства“ – вели Стефановски.

Смарт постојки веќе се поставени на неколку места во градот. Истите имаат интернет, полначи за мобилен телефон како и соодветни информации за возниот ред во градот. Стефановски вели дека се користат од страна на граѓаните.

„Ние имаме позитивна реакција. Сите постојки имаат смарт полначи за телефони, интернет имаат информации за возните редови, така да верувам дека на граѓаните им се од полза“ – додава Стефановски.

Во меѓувреме стои апелот граѓаните да бидат совесни и да не го уништуваат она што се поставува, со цел да може да се користи подолг временски период. Стефановски истакна дека очекуваат со поставувањето на видео надзор и камери на повеќе локации во Штип да се спречат девијантните појави, уништувањето на урбаната опрема и поставените содржини.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет