
Двата Лидл маркети во Штип ќе бидат готови во 2025 година, најави денес градоаначалникот Иван Јорданов во својата изјава. На едениот веќе се работи, а другиот се очекува во наредните месеци да отпочне со ативности.
“Видете сепак станува збор за приватна компанија, која што својата инвестиција и динамика на градба ја одредува согласно нивните планови. Она кое што е најавено е дека во 2025 година објектот на Лидл маркетите ќе биде завршен и како што веќе јавноста е информирана два објекти, односно два лидал маркети ќе бидат лоцирани во нашиот град. На едниот веќе се работи, а втората локација очекувам во наредните месеци исто таака да биде отпочната со активности.“, рече Јорданов
Инаку, бидејќи станува збор за приватна компанија, инвестицијата и динамиката на градбата ја одредува самата компанија, согласно нивните планови, а она што се очекува во иднина еграѓаните на Штип добијат, европски маркети, кои ќе пружат подобар и поголем избор.
Иван Митев, М-Нет