
Денес започнува пролетната полусезона во Првата фудбалска лига со натпреварите од 19. коло. Пролетниот дел носи голема неизвесност и за опстанок и за титула и илзез во Европа.
Сите екипи ќе водат борба за одредена цел, пола од екипите за сигурен опстанок и рано обезбедуање на тој опстанок со цел мирна завршница од сезоната, додека пак останатите екипи ќе водат борба за Европа и титула.
Пелистер во Битола ќе го пречека тимот на Брера Струмица, во дуел каде трите бодови им се императив и на двете страни, а двете екипи се со ист број на бодови односно 19. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Тиквеш, ќе патува во Кратово каде ќе има тешко гостување против лидерот Силекс, каде двете екипи имаат различна цел. Тикеш сака три бодови во борбата за опстанок, а пак Силекс во борбата за титулата.
Големо дерби ќе се игра меѓу лутите ривали Вардар и Шкендија, двата поранешни шампиони на Македонија во директно соочување уште во првото пролетно коло, каде Вардар води борба за опстанок, а пак Шкендија за титула.
На Чаир екипата на Шкупи ќе го пречека Работнички, каде „романтичарите“ ги очекува тешко гостување против Шкупи, кој сезонава не е во тој победнички ритам во однос на претходните сезони. Работнички пролетва ќе води борба за титула.
Во Охрид соочување од дното на табелата на Воска Спорт и Беса од Добри Дол во директен дуел за опстанок во Прва лига. Дербито на колото ќе го играат Гостивар и актуелниот шампион Струга во директно соочување за титулата.
Натпреварите старуваат во 14 часот.
Александар Ванев, М-Нет