
Граѓаните во Македонија двапати ги бојкотираа маркетите, со надеж дека ќе се намалат цените во маркетите. По само четири дена од последниот бојкот во петокот, денеска во дел од маркетите забележително беше намалувањето н атоалетната хартија, од 260 на 80 денари. Но, анкетираните граѓани на терен велат ова е само акција, а не трајно намалување. Кога се во прашање цените на останите производи разлика речиси и да нема. Децидни дека бојкотот и на дал некој голем ефект, иако очекувале по дрстично намалување на цените на производите.
„Нема ефект затоа што они се навикнати да создаваат поголем приход. Како што гледам горе – долу цените се исти. Тоа што го купувам јас нема разлика.“ – велат граѓаните.
Инаку, првиот бојкот во Македонија го намали прометот на големите маркети за 50% споредбено со ден претходно. Вториот пак нешто повеќе од 20%. Економистите децидни дека мора да се бара друга алтернатива кога се во прашање високите цени на производите, бидејќи со бојкот на меркетите нема да се постигне посакуваните долгорочен ефект.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет