OO СДСМ Штип: Граѓаните од Истокот се соочуват со сериозни недостатоци, кои ја ставаат на тест безбедноста и здравјето на пациентите

Граѓаните од истокот се соочуват со сериозни недостатоци, кои ја ставаат на тест безбедноста и здравјето на пациентите, велат од Општинската организацвија СДСМ Штип. Претседателот Павел Иванов, вели дека сериозни се проблемите на мизерните услови во кои функционира КБ Штип, Посебно загриженост истакнуваме поради смртниот случајот со девет годишното дете од Свети Николе , кое претходно било примено во клиничката болница.

“Со загриженост ја истакнуваме сериозноста на проблемите и мизерните услови во кои функционира Клиничка болница Штип поради лошото менаџирање .Секој ден граѓаните од Истокот се соочуват со сериозни недостатоци кои ја ставаат на тест безбедноста и здравјето на пациентите. Посебно загриженост истакнуваме поради смртниот случајот со девет годишното дете од Свети Николе , кое претходно било примено во клиничката болница. Случајот со наш сограѓанин кој во лоша здравствена состојба не бил приман во болницата исто така го пресликува катастрофалното менаџирање со болницата и односот со пациентите, вели Иванов

Од страна на ВМРО ДПМНЕ велат дека лицемерната загриженост за сериозноста на мизерните услови во КБ Штип, кои се резултат на 7 годишното неодговорно и криминално менаџирање со институциите во државата.

„Безидејната и лицемерната неодговорност на СДСМ која е препознаена од граѓаните, продолжува да се практикува како начин на работа “како и до сега” и кога СДСМ е во опозиција. Имено, лицемерната загриженост за сериозноста на мизерните услови во КБ Штип, кои се резултат на 7 годишното неодговорно и криминално менаџирање со институциите во државата, поточно веќе започнатата изградба на новата клиничка болница во Штип од страна на ВМРО-ДПМНЕ со добрите “работни практики” СДСМ успешно ја закочи и ја прекинаа изградбата, неуспешно се справи со корона кризата предизвикувајки катастрофа и го преполови бројот на вработени во КБ Штип со егзодусот на здравствениот кадар од Јавните здравствени институции. Вие, почитувани со Вашето менаџирање на здравствениот систем во Македонија, предводени од Вашиот актуелен Претседател и поранешен Министер за здравство, ја закочивте можноста и надежта на пациентите од истокот и вработените во здравството, за подобра здравствена услуга и подобри услови за вработените, успеавте да го ускратите правото на лекување на граѓаните во подобри услови за цели 7 години.“, велат ДПМНЕ

Она што доплонително истакнуваат од ДПМНЕ е тоа дека тие ја започна изградбата на КБ Штип и бидете уверени дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја доизгради, во интерес на сите граѓани од истокот.

Иван Митев, М-Нет