Општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево ќе плаќаат по 220 денари за метар кубен ѓубре кој ќе се носи на депонијата во Кочани

По долготрајни протести на граѓаните, падна договор меѓу градоначалниците за депонирање на отпадот на градската депонија во Кочани.

Градоначалниците на општините Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево, Љупчо Папазов, Миле Петков, Борчо Коцев и Далибор Ангелов потпишаа Договор во врска со преземањето и третманот на комуналниот отпад на Градската депонија во Кочани. Според договорот, општинит Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево имаат обврска да плаќаат по 220 денари за метар кубен отпад депониран на депонијата во Кочани. Количините на депонираниот отпад ќе се утврдуваат на дневна основа, според носивоста на возилата. Општина Кочани преку КЈП „Водовод“ ќе презема активности за управување со депонијата. Доколку произлезат прашања коишто не се предвидени со овој договор, тие дополнително ќе се уредат со анекс.

Инаку претходниот период, граѓаните во Кочани целодневно протестираа за да не се носи ѓубрето од соседните општини на депонијата во Кочани. Дополнително и советниците на Советот во Општина Кочани едногласно донесоа одлука за забрана на носење отпад од другите општини во Кочани.

Лаура Стојанова М-Нет